Цената на новоизградените станови и станбените објекти во градба долж крајбрежјето и во центарот на Охрид достигна рекордни 4.000 евра за метар квадратен. Во новоградбите во централното градско подрачје, како најатрактивни локации, метар квадратен станбен простор моментално може да се купи и по цена од 1.500 до 3.000 евра, објави порталот „Сакам да кажам“.
Во останатите делови на Охрид, како Охридати, Билјанини Извори, Бејбунар, кај меѓуградската автобуска станица, урбаните заедници Лескајца, Воска и 7 Ноември, цените се нешто пониски и се движат од 1.200 до 1.500 евра за метар квадратен станбена површина.
Становите кои се продаваат во постарите објекти, зависно од локацијата и нивната состојбата во која се наоѓаат, можат да се најдат од 1.000 евра па нагоре, пишува „Сакам да кажам“.
OhridNews
Извор: Сакам да кажам