Ракометниот клуб Металург на генијален начин со привремено повлекување на дресот од Филип Миркуловски (13) реши да му се оддолжи за поданоста и борбеноста на македонскиот репрезентативец за боите клубот.
Популарниот „Жути“ во таборот на Металург помина незаборавни 12 години, а беше дел од сите успеси на клубот.
– Раководството на клубот реши привремено да го повлече дресот со број 13, дрес што во изминативе дванаесет години го носеше најборбениот и најпожртвуваниот ракометар на Металург, кој на секој натпревар гинеше за плаво-белата боја.Го повлекуваме дресот со број 13 затоа што тој број и тој дрес треба да се заслужат.Се надеваме дека еден ден Миркуловски повторно ќе го облече овој дрес и повторно ќе ги брани боите на Металур – стои на официјалниот сајт од Металург.
Ваквата практика на повлекување на дресовите е најчеста и прва почна да се користи во НБА лигата.
Ohridnews