Иван Шмигиќ, ракометарот на екипата на Металург нема да настапи на реванш натпреварот против Цимос Копер од четвртфиналето на Купот на ЕХФ.
 
Средбата во Словенија се игра во 18.30, а Металург ќе ја брани предноста од 3 гола од првиот натпревар кој заврши 27:24 .


многу работи зависат од него – Филип Лазаров

Шмигиќ,кој постигна 4 гола на првата средба, во финишот на мечот во последната 60 мин заработи директно исклучување, автоматски  црвен картон.

Според правилата на ЕХФ тоа значи директна суспензија на следниот натпревар, што во случајов е гостувањето во Копер.

Во составот на Металург по одлежаната суспензија се враќа Филип Миркуловски кој од истата причина го пропушти првиот натпревар.