без унгарските тимови, откако поради финансискиот момент ПИК Сегед и
Веспрем решија да не учествуваат во ова натпреварување.
На состанокот кој се одржа во Белград е одлучено натпреварите да
стартуваат на 7.септември, а првото коло го носи големото македонско
дерби помеѓу Металург и Вардар Про.
Инаку во лигата ќе се натпреваруваат 10 екипи, покрај македонските
тимови тука се уште Партизан и Војводина од Србија, хрватските екипи
Загреб и Нексе, Татран Прешов од Словачка, белорускиот Брест Мешков,
Ловќен од Црна Гора и Борац од Бања Лука.
Челниците на лигата на барање на генералниот спонзор Газпром решија
завршниот турнир да се одигра од 11. до 14. април 2014 година во Србија.
СЕХА лига, 1. коло двојки: Металург-Вардар, Партизан-Војводина, Загреб-Нексе, Борац-Ловќен,
Брест Мешков-Татран Прешов