Ракометарите на македонскиот шампион Металург, денес во Осло, преку квалификациски турнир ќе се обидат да изборат место, во фазата по групи во Лигата на шампиони.
Тренерот Лино Червар за Норвешка тргна без десниот бек Милан Вучичевиќ, кој не се вклопил во играта на Металург и најверојатно ќе мора да бара нов клуб и Младен Ракчевиќ кој сеуште се рехабилитира од повредата.
Металург првиот натпревар ќе го одигра во сабота, со почеток во 14 часот, а противник ќе му биде австрискиот шампион Алпла Хард.
Со победа во овој меч македонските ракометари ќе се изборат за натпревар против победникот од пресметката помеѓу домаќинот Хаслум и Динамо Полтава.
Поуспешниот од завршниот натпревар ќе се пласира во Лигата на шампиони.
“макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com