Тренерот на Шкендија во изјава за „Македонски спорт“ рекол дека пред
меѓусебниот дуел на двата тима, играчите на Металург им нуделе мито на
неговите фудбалери за да им дозволат да победат.
„Ве информираме дека во текот на денешниот ден фудбалскиот клуб Металург
АД Скопје покрена тужба за клевета во граѓанска постапка пред Основен
суд Скопје 2 – Скопје против шефот на стручниот штаб на Шкендија Тетово,
Артим Шакири. Тужбата се однесува на изнесеното тешко обвинување и
клевета од страна на Шакири против фудбалерите на ФК Металург како и
самиот клуб, во дневниот весник „Македонски спорт“ на 9. мај 2013
година, по првенствениот натпревар Шкендија – Металург. Висината на
отштетата што ја бара ФК Металург во оваа постапка изнесува 6.000.000
денари“, се вели во соопштението испратено до медиумите од страна на ФК
Металург.
Инаку натпреварот помеѓу Шкендија и Металург кој се одигра на 7.мај се
одигра во рамките на 28. коло во Првата фудбалска лига, заврши со
резултат 1:1.