Македонскиот ракометен првак Металург со триумф над Радовиш 26-20 ја започна одбраната на титулата во Супер лигата.


Клучната предност до победата пулените на Лино Червар ја направија во финишот на првиот дел кога со серија од (4-0) го презедоа водството (13-11).

Во вториот дел тенката клупа во гостинскиот состав само им ја олесни задачата на „металурзите“ кои на крајот ја зголемија предност од првиот дел на +6 (26-20).

Првата рунда од плејоф лигата ќе се комплетира со мечевите Вардар – Прилеп и Зомимак – Тинекс Пролет.

Мх.П.