Бранителот на трофејот Металург со победа против домаќинот 30-14 ја започна мисијата за одбрана на трофејот на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2013“.

Македонскиот првак Вардар ПРО во вториот дел од натпреварот успеа да го скрши отпорот на романската Констанца предводена од Ѕвонко Шундовски на клупата и да забележи победа 33-26.

Во последниот натпревар од првиот ден белорускиот Брест Мешков го совлада Версај со 34-18.

Во вториот ден од турнирот ќе се сретнат (18.45 Иври – Констанца), (20.30 Металург – Брест Мешков), (22.00 Струга – Версај).

Мх.П.