„Зелено белите“ со минимална победа 1-0 над новиот второлигашки член Љубанци ги завршија подготовките во Охрид.


Мрежите мируваа во првиот дел на Атина Бојаџи во кој се водеше жестока битка на средината од теренот.

Одлуката за победникот падна во вториот дел по одличната акција на „металурзите“ која со погодок ја круниса Јакимоски.


Металург во Охрид успешно ги мина подготовките победувајќи претходно со Младост Царев Двор (2-1) и ремизирајќи (1-1) со Пелистер.

Мх.П.