Ракометарите на Металург со ревијален натпревар против Металург Јуниор во преполната Автокоманда ја прославија титулата шеста вкупно во ВИП Супер лигата.

После завршување на натпреварот ракометарите од двата тима се дружеа со фановите, а срцата на сите присутни им го стопли капитенот на Металург, Наумче Мојсоски, кој се врати на теренот по тешката повреда на коленото.

Обраќање до навивачите имаше хрватскиот стручњак Лино Червар, заменик капитенот Ванчо Димоски и сопственикот на Металург, Минчо Јорданов.

„Ohrid News“ беше дел од шампионската прослава во Битола по победата над Пелистер што значеше титулата за „металурзите“.

Фото : Екипа.мк
Мх.П.