Македонскиот преставник во Лигата на Шампиони, Металург е на врвот на дефанзивната листа во најеминетното клупско натпреварување. Избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар, ја предводат листата со најмалку примени погодоци во осумте рунди од лигата.


Металург, кој е на врвот и благодарение на одличниот Станиќ, (19 одбрани на последниот меч со Копер) во досегашните осум мечеви во ЛШ имаа примено 186 гола или 23 по натпревар. Втор на оваа листа е Барселона со 189, а тројката ја заокружува Хамбург со 195. Уште само две екипи имаат примено под 200 погодоци, и тоа Копер 197 и Загреб 198 гола.


Квалитетот на групата во која наоѓа Металург е извонреден, во првите топ пет одбрани се уште фаворитот Хамбург, словнечкиот Копер.

Мх.П.