Македонскиот ракометен вицешампион, Металург се засили на бековската позиција договорајќи го трансферот на Стефан Дрогришки од Пелистер. 22-годишниот ракометар е вкупно шесто засилување за „металурзите“ по Горан Печенковски, Дарко Арсиќ, Мартин Марчец, Немања Обрадовиќ и Дарко Димитриевски.


– По по­ве­ќе го­ди­ни по­ми­на­ти во Пе­ли­стер, се чи­ни дој­де вре­ме да на­пра­вам че­кор на­пред во мо­ја­та ра­ко­мет­на ка­ри­е­ра и да ги ис­про­бам си­ли­те во ед­на дру­га сре­ди­на. Нај­дов за­ед­нич­ки ја­зик со ра­ко­водс­тво­то на Ме­та­лург со кое во на­ред­ни­от пер­и­од ќе пот­пи­шам до­го­вор. На­ви­сти­на е го­лем пре­диз­ви­кот да се игра во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те, ка­ко и во Ре­ги­о­нал­на­та ли­га, а осо­бе­но за­до­волс­тво е да би­деш тре­ни­ран од вр­вен струч­њак, ка­ков што е Ли­но Чер­вар. – рече Дрогришки за официјалниот сајт на Металург.

Дрогришки кој дејствува на средната и левата бековска позиција ракометна творба е на Пелистер. Тој со своите игри сериозно се наметнува за влез во сениорската репрезентацијата.

Селекторот на Македонија воедно и тренер на Металург, Лино Червар го вклучи Дрогришки на поширокиот список за бараж двомечите со Чешка кои „црвено жолтите“ ги играа во јуни годинава.

OhridNews