Македонскиот ракометен вицешампион Металург се раздели со Јанко Божовиќ откако двете страни спогодбено го раскинаа договорот.
Десниот бек минатата сезона пристигна од Брест Мешков во Металург и својот квалитет го демонстираше низ мечевите во Лигата на Шампиони и македонската Супер лига.
Божовиќ кој имаше уште година од договорот најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Спортинг Лисабон.
Клубот започнува нов проек, а за тоа му се потребни квалитетни и пред се искусни ракометари.
Металург, летово ќе мора да најде соодветна замена за Божовиќ откако остана само со Бувиниќ и Крстески кој се најде на поширикиот список од селекторот Лино Червар.
OhridNews