Интернационалците Миладин Козлина, Младен Ракчевиќ и Тихомир Додер следната сезона нема да го носат дресот на Металург.


Тимот од „Автокоманда“ најави дека ќе се ослободи од повеќе ракометари, а тоа го почнаа со раскинувањето на договорите на „странците“.

Сеуште нема никакви информации за раскинувањето на договорот на репрезентативниот бедем Јоноски – Маркоски, од кој почна лавината реакции во ракометните кулоари.

Мх.П.