Ракометниот клуб Металург со минимален пораз (25-24) од Вардар ги започна натпреварите во новата сезона од регионалната СЕХА лига.


Клубот со официјално соопштение на својата интернет страница реагира за судиската одлука во последниот напад. Петар Ангелов го одбрани ударот на Горан Печенковски, но Игор Карачиќ бранеше внатре од шесте метри, што значи пенал за Металург и можност за реми по истекување на времето.

Во прилог клубот од Автокоманда приложи фотографии од кои јасно се гледа дека судискиот тандем од Битола го оштети Металург и го остави без шанси за реми во градската пресметка.

Металург реагираа по поразот од Вардар во СЕХА лигата

OhridNews