Македонскиот првак е лидер во регионалната лига, а со евентуална победа и теоретски ќе го обезбеди учеството на завршниот турнир.
Металург и Брест Мешков оваа сезона имаат одиграно два натпревара, во Струга на традиционалниот турнир Металург победи со 26:23, додека во шестото коло, во СЕХА лигата Брест се радуваше на победата со 28:26.
Натпреварот ќе се одигра во салата во „Автокоманда“ со почеток во 18 часот.