Во драматичното финале, домаќините имаа предност во првиот дел од 14-10. Петровски и Димитровски ја тресеа мрежата на Ангелов, односно Митревски, додека гостите во игра ги одржуваше Мојсовски.
Стартот на вториот дел им припадна на избраниците на Лино Червар, кои со серија од 7-2 во 43 минута се вратија во прендност. Во играта на жица, “сино-белите“ благодарение на подолгата клупа и поголемата ротација усепаа да ја одржат предноста и да се радуваат на пехарот.
Мојсовски со девет постигнати гола беше најефикасниот играч на теренот, додека Петровски со пет беше најпрецизниот кај домашниот тим.
Металург кој и годинава ја освои двојната круна ќе игра во квалификациите од Лигата на Шампиони, додека Пелистер ќе игра во купот на победниците на куповите.
М.Постоловски