Една од двете екипи македонски преставници во Лигата на Шампиони, Металург значително се засили на бековската позиција потпишувајќи договор со Давид Шпилер.


Словенскиот репрезентативец одредено време беше на проба во Автокоманда и очигледно средниот бек ги исполнал критериумите на Лино Червар.

Шпилер минатата сезона настапуваше за Мешков Брест, но тешката повреда на рамото го оддалечи од теренот подолго време по што клубот го ослободи од обврските.

Неговото искуство сигурно ќе биде голем бенефит за младите играчи и клубот кој години наназад успешно го презентира македонскиот ракомет во Европа.

Ohridnews