„Зелените“ со 3-1 го совладаа второлигашот Младост од Царев Двор во мечот, кој двете екипи го одиграа на „Атина Бојаџи“.
Металург во првиот дел постигна два погодоци преку Крстев и Бујчевски, а за Младост погоди охриѓанецот Антонио Каланоски.
Во вторите 45 минути избраниците на Срѓан Захариевски со уште еден погодок ставија печат на победата прва на контролните средби во Охрид.
В сабота Металург ќе одигра нов контролен натпревар, а ривал ќе им биде српскиот тим Борац.
Мх.П.