– Малку ни недостасува да стигнеме до шампионската титулата. Последната сезона имавме одличен тим и најголеми шанси, но не успеавме да ги победиме ривалите и ја загубивме трката за титулата. Сезоната што доаѓа повторно ќе се замешаме во битката за титулата и се надевам дека и среќата ќе биде на нашата страна – рече капитенот Миле Крстев.
Металург минатата сезона направи чекор напред во Лигата на Европа откако обезбеди пласман во второто коло.
– Ние секоја сезона сакаме да одиме чекор напред, така ќе биде и оваа во Лигата на Европа. Без разлика дека го добивме Карабах одиме да го елиминираме и обезбедиме пласман во понамошните натпреварувања – заврши капитенот.