Македонскиот ракометен првак Металург не успеа да го направи најголемиот успех во својата клубска историја. Скопјани извојуваа пирова победа 24-23 која не им обезебеди полуфинална виза.
Во последната минута од мечот “металурзите“ имаа меч топка, при резултат 24-22 Јовиќ не реализираше пенал. На спротивната страна гостите покажаа како се изведува удар од седумте метри и го казнија Металург со елиминација.
Благодарение на победата од 31-29 во првиот натпревар швајцарците одат во полуфиналето.
М.П.