Металург и Пелистер ќе го играат во финалето на 19 издание на македонскиот ракометен куп, што викендов се игра во Битола. Домаќинот Пелистер до финалето стигна по триумфот над Борец со 32-23, додека во “финале пред финалето“ Металург го победи Вардар со 26-23.
Македонското ракометно “Ел Класико“ по четври пат годинава е обоено во сино-бело.Во натпревар со многу нерви, во кој влогот беше финале, двете екипи влегоа претпазливо и помалку плашливо. Обата тима беа повеќе ориенитирани на одбраната отколу нападот па така во првиот дел беа посигнати 10 односно 8 гола.
Вардарци подобро го започнаа мечот, успеаа да ги неутрализираат нападите на “меалурзите“ и во првите десет минути ја зачуваа мрежата чиста. Првиот гол избраниците на Червар го постигнаа во 11 минута и тоа преку Мојсоски кој намали на 2-1. Дополнителен проблем за Червар беше црвениот картон на Марковски во седмата минута поради остриот старт.
–
Голем хендикеп за нашата екипа беше исклучувањето на Марковски, кој е еден од столбовите на нашата одбрана , се знае дека одбранаа е нашиот најголем адут, но и покрај тоа издржавме и најдовме соодветни решенија – истакна Червар.
Откако видоа дека тешко ке оди пробивањето по средината, се одлучија да ја отворат играта и по бочните позиции го пробиваа “црвено-црниот“ бедем. Одличниот Ангелов на голот (пет одбрани и еден седмереец) крилата Алушовски (4 гола) и Златко Мојсовски (2 гола) погодуваа за сино-белите“ кои во 22 минута ја имаа најголемата предност 7-4.
До финишот на првиот дел се играше гол за гол, па на одмор се замина со плус два, 10-8. Одморот беше добре дојден за “црвено-црните“ кои по советите на стратегот Вујовиќ усепаа да се разбудат и со мини серија од 5-2 со головите на Лајовиќ, Олевски и Пејовиќ повторно да се вратат во предност 13-12. Повторно слеудваше ровоска битка пред двата гола зачинета со многу прекршоци, по еден таков старт по трет пат на мечот беше исклучен Мркичевиќ.
Умешно “сино-белите“ го искористија играчот повеќе во поле и со погодоците на Стојчевски од пенал и Георгиевски се одлепија на “сигурни“ три 17-14. Но наместо “туш“ вардарци во живот ги врати Чурувија (7 гола) кој подеднакво беше прецизен и од линијата за седум метри и од поле, па десетина минути пред крајот повторно беше минус еден 18-17.
Адут на Червар повторно беа крилата. Мансков (четири пати) и Георгиевски (2 пати) ја тресеа мрежата на Ристевски, а погодокот на Н.Мојсоски за 24-20 го намали притисокот на нивните плеќи.
– Видовме дека средината е збиена и одлучивме да ја рашириме играта, нашите крила го одлучија мечот – истакна Мојсоски.
“Шраубата“ на Димоски на три минуи пред крајот значеше крај на сите надежи за Вардарци да стигна до големото финале.
–
Честитам на Металург за влезот во финалето, тие секако остануваа најголем фаворит за освојување на трофејот. Ние во одбраната имавме некаков квалитет успевавме да парираме, а што се однесува до нападот немамве адекватни решенија за нивната одбрана, и покрај ротацијата која нон стоп ја практикувавме не успеавме да освоиме неколку клучни топки, Имавме доста технички грешки и сето тоа резултираше со пораз – рече Вујовиќ, кој остава на претседателот Михајловски да го даде конечниот збор околу неговото останување на клупата на Вардар.
Домаќинот Пелистер без поголеми проблеми го совлада аутасјдерот Борец со 32-23 и се најде во финалето во борба за шестиот трофеј во клпуската историја. Митевски со шест и Филип Лазаров со пет гола ги предводеа “зелените“ до победата.
– Вo секој случај ние не сме тим кој може рутински да победиме било кого. Еден добар полуфинален натпревар на кој мислам дека заслужено ја извојуваме победата и се пласиравме во финалето – вели Шундовски.
Во финалниот меч Металург ќе го брка третиот трофеј едноподруго, додека Пелистер пет пати досега го освоил трофејот во националниот куп.
Фото Емилио
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com