Лидерот на табелата во елитното ракометно друштво Металург со 14 победи во исто толку натпревари ја заврши есенската полусезона во Супер лигата.


Избраниците на Лино Червар перфектниот учинок го обезбедија со триумфот над Радовиш со 28-25 во последната рунда од првата полусезона.

Со пораз од Металург и оној од Охрид, Радовиш и теоретски ги загуби шансите за пласман во плејофот.

Иста судбина го снајде и Вардар Јуниор кој претрпе пораз во Прилеп од истоимената екипа 29-26.

Прилепчани со шестата победа во серија го осигураа местото во плејоф и ги промовираа за учесниците екипите на Охрид и Работнички.

Резултати : Радовиш – Металург 25-28, Прилеп – Вардар Ј 29-26, Пелистер – Охрид, Металург 2 – Пролет, Борец – Работнички.

Ohridnews