Ракометарите на Металург со убедлив триумф над Тинекс Пролет 37-15 (16-7) ја заокружија перфектната сезона во регуларниот дел од Супер лигата.


„Металурзите“ првата суперлигашката етапа ја завршија со 18 победи во исто толку натпревари и најавија интересна борба со Вардар за титулата во плејофот.

Во меч без резултаско значење Радовиш освои бод на гостувањето во Прилеп ремизирајќи 34-34. Гостите беа поблиску до победа, но домаќините со фуриозен финиш стигнаа до реми.

Единствен меч од кој бодовите ќе важат и понатаму е дуелот Борец – Пелистер додека со мечот Вардар Јуниор – Охрид ќе се комплетира последното суперлигашко коло.

OhridNews