Ракометарите на Металург се пласираа во Лигата на шампиони во фазата по групи. Тие беа поуспешни во двомечот со унгарскиот Пик Сегед, кој дома го совладаа со 10 голови разлика (26:16), а на реваншот што се одигра вечерва загубија со 23:19, полувреме 11:7.

На македонскиот вицепрвак воопшто не му беше лесно на реваншот во Сегедин, особено на стартот на второто полувреме кога со серија погодоци домаќинот стигна до +6, но тогаш на голот на Металург проработи чудесниот Дарко Станиќ, кој буквално ги излуде противничклите ракометари бранејќи неверојатно тешки удари. На спротивната страна големото засилување Павел Акман со неколку проектили и мирната рака на словенецот Вугринец кој во клучните моменти реализираше три удари од седум метри ја стопија разликата на Пик Сегед само на +2.


Голема партија на Дарко Станиќ во Сегедин

До крајот на натпреварот демотивираниот домаќин успеа да слави победа од 4 гола разлика, недоволни за елиминација на противникот.

Со оваа победа Металург му се придружи на македоснкиот првак Вардар во групата Ц во Лигата на шампиони, која покрај големото градско дерби во Скопје ги носи и дуелите со великанот Барселона на нашиот Кире Лазаров, швајцарскиот Тун, Динамо Минск и ПСЖ.

OhridNews