После заминувањата на странците, дојде на ред и иконата на клубот Филип Миркуловски да му каже збогум на Металург.


Средниот бек кариерата ќе ја продолжи во бундеслигашот Хановер, а деновиве треба да биде официјализиран договорот.

– Не ми се веруваше дека некогаш ќе ги кажам овие зборови, „си заминувам од Металург“. После фантастични 12 години ова е крајот. Како вчера да беше кога дојдов во Металург, бев пресреќен, нешто што неможам да кажам сега кога заминувам. Ви благодарам на сите, за овие изминати години, за целата несебична подршка што ми ја дававте, без разлика дали беше на трибини или преку социјалните медиуми. Голем наклон за мојата омилена навивачка група Пирати. Заедно се радувавме на победите и заедно тагувавме на титулите. Се надевам дека еден ден ќе се вратам и повторно ќе излезам пред полн Борис Трајковски и повторно ќе го наполнам срцето. За сега можам да кажам дека заминувам, следна дестинација е Германија, Хановер, но ова нема да биде крај на мојата дружба со Вас, ќе продолжиме да се дружиме и од таму. Уште една Ви благодарам на сите. Само еден Металург – напиша Миркуловски на својот фејсбук профил.

Македонскиот репрезентативец во редовите на Металург мина 12 години поминувајќи низ се и сешто со клубот, а беше и темел на успесите во последните неколку години.

Мх.П.