Македонскиот ракометен шампион Металург по победата во Норвешка против Драмен со убедливи 25-16 (12-9). По пет гола постигнаа Миркулоски и Јович додека играч на натпреварот беше голманот Ристески со 22 одбрани.

Пласман во натамошната фаза во КПК не обезбеди Вардар Про кој беше поразен со 33-25 на гостувањето во Швајцарија кај Кадетен. Триумфот на вардарци на домашен терен од 33-27 се покажа како недоволен.

Третиот македонски претставник МРК Вардар се пласираше во 1/8-финале од Челенџ купот. Младите вардарци пласман во понатамошната фаза обезбедија благодарение на поголемиот број на погодоци во гости. Првиот натпревар во Кале заврши 27-24 додека на реваншот во Грција домаќините триумфираа со 30-27.

М.П.