Македонскиот ракометен шампион Металург ќе игра во втората квалификациона група за влез во Лигата на шампиони против Запорожје (Украина), Динамо Минск (Белорусија) и Порто (Португалија).

 


Предвидено е патникот во Лигата на шампион да биде одреден преку турнир, кој ќе се игра од 3-5 септември, а правото да биде домаќин на турнирот го доби најниско рангираната екипа Порто.

Доколку Металург, кој важи за фаворит, успее да се квалификува во Лигата на шампиони, ќе биде во групата со Чеховски Медведи (Русија) АаБ Хандбал (Данска), Пик Сегед (Унгарија), Ваљадолид (Шпанија) и Кадетен Шафхаузен (Швајцарија).

Металург предводен од хрватскиот стратег Лино Червар со големи амбиции влегува во квалификациите за Лигата на шампион.

“Извор Макфакс“
Ohridnews