Вицешампионот во првата македонска фудбалска лига Металург ги започна подготовките за новата сезона. “Зелените“ со освојувањето на втората позиција обезбедија пласман во Лигата на Европа.


Металург “моторите“ ги запали во Скопје, а за  една недела експедицијата на “зелените“ ќе се пресели во Охрид каде ќе ја бруси формата за Европа. Во летниот преоден рок Металург е најактивен од македонските екипи во своите редови ги донесе Ристовски од Тетекс како и Далчески од Охрид 2004. На добар пат е и второто засилување од тимот на Охрид во името на офанзивецот Антонио Каланоски.


Екипата од Автокоманда во Охрид има закажано три пријателски натпревари со Фљамуртари на 15 јуни додека на 20 и 24 јуни сеуште се бара соодветен противник. Првиот натпревари од Лигата на Европа се играат на 5 јули.

Мх.П.