Ракометарките на Металург Скопје не успеаа да ја испишат клупската историја и да се пласираат во финалето на Челенџ купот.


Новиот македонски шампион, во неизвесен натпревар, беше поразен на реваншот од полуфиналето кај Букстехуде со 31:28. Германскиот тим обезбеди финале, поради поубедливиот триумф, откако на првиот натпревар во Скопје, Металург беше подобар со 22:21.

Ohridnews