Македонскиот ракометен првак Металург не дозволи изненадување и славеше на гости кај Извиѓач со 21-19 (10-11) во 15 рунда од регионалната Сеха лига.

Отпорот на домаќините избраниците на Лино Червар го скршија во вториот дел од мечот кога со серија погодоци се одлепија на пристојни пет разлика.

Најефикасни во редовите на Металург беа Тихомир Додер со седум гола, додека Вугринец постигна шест, а кај поразениот се истакна Ненад Зељиќ со седум погодоци.

Следниот натпревар Металург ќе го игра на 6 март во Скопје, против Мешков Брест.

Табела: Металург 33, Мешков Брест 31, Загреб КО 29, Вардар 27, Татран Прешов 23, Ловќен 23, Нексе 22, Извиѓач 9, Борац 7, Слога 3 бода.