Фудбалската екипа на Металург финалните подготовките за настапи во Лигата на Европа ќе ги мине во Охрид.
„Зелено белата“ експедиција веќе неколку денови во Охрид, а и одигра една контролна средба со албанскиот тим Кукеши кој го загуби 2-0.
В четврток ќе се комплетира откако во составот ќе се вклучат репрезентативците кои беа дел од селекцијата на Македонија која одигра два пријателски натпреварит против Кина.
Металург во Охрид ќе се остане до в недела кога заминува во Скопје, а в четврток ќе го одигра првиот натпревар во Лигата на Европа против Санта Колома.
Мх.П.