Македонскиот ракометен вицепрвак, Металург со претпладневен тренинг во спортската сала „Билјанини Извори“ ги започна подготовките во Охрид. „Металурзите“ ќе имаат по два тренинзи на ден, а ќе работат во неколку фази од подготовките.
– Гледам многу голема желба помеѓу играчите за тренинг, што искрено ме радува, бидејќи не очекуваат тешки и важни мечеви уште на стартот од сезоната. Секогаш кога ќе ни се поклопат плановите го одбираме Охрид за дестинација, затоа што има посебни услови, добри хотели и клима посакувана за секој спортист. – изјави тренерот на Металург, Лино Червар.
Контролните натпревари Металург ги започнува во вторник со Пелистер, а потоа ќе се сретне со Охрид и Еурофарм Работник.
OhridNews