По трите порази во серија во СЕХА лигата Металург му се врати на победите совладувајќи го составот на Војводина со 29-27.

Избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар во финишот од средбата ги осигураа двата бодови кои ги оставија во игра за пласман на четирите позиции кои водат во завршницата од регионалната лига.

Најпрецизни во составот на Металург беа Миркуловски и Манасков со по шест погодоци, Циндриќ постигна четири додека Станиќ имаше 12 успешни интервенции.

Мх.П.