Охридските ракометари забележаа нова победа во македонската Супер лига совладувајќи го вториот тим на Металург со 30-20 (12-11) во претпоследниот натпревар од регуларниот дел од сезоната.

Потценувањето на противникот ги чинеше домашните ракометари негатива некаде до 20-та минута, а со погодок во последниот напад од првиот дел на пауза заминаа со +1 (12-11)

Втората екипа на Металург, која во пролетната полусезеона настапува со кадетите од својата школа немаша сила за нешто повеќе во Охрид по фуриозното второ полувреме на охридските сини.

Р.К. Охрид : Пецаков, Колев, Костески (7 одбрани), Андоновски 2, Соколов 4, Караиванов 4, Вешоски 4, Тасески 7, Трифуноски, Б. Белевски, В. Белевски 1, Новаковиќ 2, Печенковски 4, Поп-Стефанија 1, Анѓелкоски, Левов 1.

Р.К. Металург 2 : Данилоски (11 одбрани), Алушоски (1 одбрана), Бошкоски 2, Вешлиески, Гошески 1, Крстаноски 3, Грозданоски, Ставридис 1, Давитковски 10, Матијашиќ 3, Петрески, Пешевски.

Мх.П.