Македонскиот ракометен вицешампион Металург за противник во ¼ финалето на Купот на ЕХФ го доби тимот на Копер од Словенија. По елиминацијата на шпански Гранољерс, тимот од Автокоманда во рундата на најдобрите осум ќе се сретне со словенечки Копер, кој приреди сензација елиминирајќи го германски Лемго.
Првиот натпревар Металург ќе го одигра на домашен терен на 8 или 9 март, а реваншот ќе се игра во Словенија седум дена подоцна.
Во другите двојки, Нордхорн ќе игра против Портовик, Данкерк ќе се сретне со Копенхаген, а Шамбери за противник ќе го има Арагон.