Екипата на скопски Металург е првата која годинава пристигна на подготовки  покрај охридското крајбрежје. Избраниците на Жикица Тасески во наредните петнаесетина дена планираат да одиграат пет пријателски натпревари.

 

На подотовките во Охрид се приклучи и последното засилувње во тимот Јовaн Костовски.  Костовски е шесто засилување на Металург зимава, по Бетим Алиу, Владимир Медиќ, Марко Костенцовски, Александар Тенекеџиев и Игор Кралевски.

фото Емилио
Ohridnews