Загреб имаше предност во поголемиот дел од мечот, но македонскиот првак со упорна игра успеа да ја стопи предноста и да обезбеди предност пред реваншот.
Бекот Жарко Марковиќ со седум постигнати гола беше најпрецизен на мечот, во хрватскиот состав најефикасен беше Штрлек со пет.
Натпреварот заврши тесно, а најголема заслуга имаат голманите. Дарко Станиќ имаше осум успешни одбрани, додека гостите го имаа Мартин Шего кој 10 пати ги запре металурзите.
Реванш мечот се игра за седум дена во Загреб.