Металург Јуниор во Охрид против истоимената екипа ќе ги лечи раните за поразот од Пелистер во првото коло од разигрувањето за титула.
„Зелено белите“ пред своите гледачи со 36-27 ги совладаа „јуниорите“ кои в петок ќе се сретнат против охридските ракометари.
Но, и охриѓани ќе имаат свои мотиви бидејќи на гостувањето во Автокоманда го претрпеа највисокиот пораз сезонава.
Со дуелот во петок (19 часот) се спушта завесата во првата фаза од Супер лигата.
Мх.П.