Металург и Вардар со убедливи победа во Супер лигата ја најавија борбата за трофејот во Купот на Македонија кој викендов ќе се одигра во Охрид.

Пред своите гледачи Металург со 35-23 го совлада битолски Пелистер додека „црвено црните“ 43-24 го декласираа Тинекс Пролет, кој е противник на Вардар во 1/2 финалето.

Победа пред учеството на Купот забележа и Зомимак, кој на домашно тло го совлада Металург Јуниор.

Мх.П.