Со ремито на гостински терен против Металург екипата на Вардар ПРО се врати во игра за титулата откако неочекувано одигра нерешено на гостувањето во Струмица.
“Меч топката“ за титула сега е во рацете на Вардар ПРО, кои во последната рунда на домашен терен го пречекуваат Металург.
Во првиот дел од натпревар “црвено црните“ беа тие кои имаа предност и ја контролираа играта. Во вторите 30 минути тоа целосно промени. Избраниците на Лино Червар не само што ја анулираа предноста и го презедоа водството.
Нападот за победа во последните десет секунди му припадна на Металург, но голманот на Вардар, Милиќ го одбрани ударот на Наумче Мојсоски и го остави прашањето за титулата отворено.
Токму стружанецот беше најпрецизен со десет погодоци, Вугринец постигна седум, колку и Карачиќ во тимот на Вардар ПРО.