“Црвено црните“ славеа на гостувањето кај Извиѓач (34-21) додека Металург одлучувачкиот меч во Лигата на Шампиони против Силкеборг го најави со победата над Слога (28-18).
По тринаесет одиграни натпревари Металург е на втората позиција со еден бод помалку од лидерот Брест Мешков. Актуелниот првак Вардар ПРО едно место подолу од “металурзите“ односно на третата позиција.