Металруг и Вардар се единствениот македонски ракометни преставници кои ќе презимат во ракометна Европа.Шампионот Металург на гостувањето во Франција уште еднаш го победи Иври, овојпат со 29:21 (во Скопје минатиот викенд беше 34:25).

„Вардар Про“ очекувано и во реваншот од Купот на победниците на куповите постигна успех против Брехем од Луксембург. Црвено-црните славеа на гостувањето со 29:19 (во Скопје беше 42:23).

Третото коло беше последната станица за екипите на Пелистер и ВВ Тиквеш. Пелистер, по домашниот пораз (22:25) и во реваншот од ЕХФ купот во Шпанија загуби од силниот Адемар Леон со 34:22.

Кавадарчани пред своите навивачи доживеаја драматичен пораз од Пулави со 24:22 во Челинџ купот и не успеја да ја сочуваат предноста и победата во Полска (24:23) од првиот натпревар. Во последната секунда од мечот беше досудена најстора казна за “лозарите“ но ударот заврши во стативата.

Ohridnews