Во натпреварот кој одлучуваше за титулата во македонската Супер лига, Металург со 30-21 (16-11) го „преслуша“ Вардар.
„Црвено црните“ не наликуваа на себе во Автокоманда, а Металург како никогаш до сега одигра без грешка и сосема заслужено испадна како севкупен победник од двомечот со Вардар.
На избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар до крајот на првенство им преостанува да ги победат сите натпревари и да му ја одземат круната лутиот ривал.
Мх.П.