Металург го победи Трембле 26-24 (13-10) во првиот натпревар од четврфиналето од купот на победниците на куповите. Натпреварот беше тврд и до крај неизвесен, а македонскиот преставник во финишот на мечот испушти прилика по убедливо да ги порази французите.  


Избраниците на Чeрвар во грч го започнаа мечот и по десет минути имаа негатива од 4-2. Како одминуваше времето така се консолидираа редови па така на одмор се замина со предност 13-10. Во исти стил продолжи и вториот дел , а највисоката предност ја имаа на десет минути пред крајот кога на семафорот стоеше 23-19. Но наместо да го финишираат противникот, “металурзите“ се опуштија им оставија простор на гостите кои го искористија подарокот и се вратија во игра за достоинствен пораз.

Мојсоки со седум и Чурувија со пет гола беа најефикасни кај домаќините, додека Бинго односно Стефановиќ возвратија со иста мера кај гостите.

Резултатот им дава шанси на двете екипи – истакна селекторот на македонската репрезентација Савески кој беше во улога на стручен ко-коментатор.

Реваншот е за седум дена во Париз.

М.П.