Металург е побендик во националниот фудбалски куп во Македонија. Во финалето од најмасовното фудбалско натпреварување, “железарците“ го совладаа Тетекс со чисти 2-0.


Костенцовски во првиот и Тенекеџиев во вториот дел ја погодија мрежата на Јованоски, за дебитантски триумф на клубот од Автокоманда.

Металург е 11.ти освојувач на Купот на Македонија. Рекоред е Вардар со пет освоени титули, следуваат Слога со три трофеи, Силекс и Работнички два пати го освоија овај трофеј, додека по еднаш се радуваа Пелистер, Цементарница, Башкими, Македонија ЃП, Победа и Тетекс.  

Ohridnews