Атман минатата сезона ја започна во Чеховски Медведи, а во зимскиот преоден рок направи трансфер во Динамо Минск, кој беше елиминиран од Металург во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.
– Иако имав понуди од неколку европски екипи, а некои беа и финансиски подобри, се решив за екипата на Металург, чиј развој го пратам неколку години. Многу сум среќен што потпишавме договор и што ќе настапувам за екипа која постигна одлични резултати во Лигата на шампионите – рече Атман за интернет страница на Металург.