Пулените на хрватскиот стратег Лино Червар со убедлива победа 34-20 (18-10) над вториот на Вардар ја започнаа сезоната во Супер лигата.
„Металурзите“ фаворитската улога пред мечот ја оправдаа на теренот победувајќи го лесно и рутирано составот на Вардар предводен од македонската ракометна легенда на клупата Пепи Манасков.
Со одигрување на овој натпревар се комплетираше првата рунда од Супер лигата која започна минатиот викенд.
Резултати : Вардар 2 – Металург 20-34, Тинекс Пролет – Радовиш 29-27, Борец – Металург 2 27-26, Прилеп – Пелистер 26-21, Работнички – Охрид 30-24.
2. коло : Борец – Прилеп, Пелистер – Пролет, Металург 2 – Охрид, Радовиш – Вардар 2, Металург – Работнички.
Мх.П.