Ракометарите на Климент Охридски катастрофално се поразени на гостувањето во Скопје. Во рамките на 21 коло од Супер лигата актуелниот шампион Металург славеше рекордно висока победа од 51:10.
Ова е најтешкиоит пораз во суперлигашката историја на Климент Охридски и веројатно највисоката победа што воопшто некој тим ја остварил во најдобрата ракометна лига. Овој срамен пораз само ја потврдува состојбата во која се наоѓа охридскиот ракомет, кој е жив само благодарение на ентузијазмот и заложбите на градските власти по секоја цена да се доигра шампионатот откако клубот на полусезоната остана без спонзор.
Охриѓани се заковани на дното на суперлигашката табела, каде со сигурност и ќе го завршат првенството. Од подмладокот на Климент Охридски повеќе и не се очекуваше, само штета што неискусните ракометари наместо да играат против своите врсници во младинската лига се фрлени во оган и ја бранат честа на охридскиот спорт најдобро што знаат и умеат.
Г.М.