Управата на Металург ги суспендираше ракометарите кои пред неколку дена не тренираа и не отпатуваа на мечот со Загреб во регионалната СЕХА лига.
Информацијата за казната поради таквиот однос кон клубот играчите ја добија преку брза пошта на кеј од реката Вардар каде индивидуално тренираат.
Сите играчи од Металург го бојкотираат клубот по неисплатените лични примања, а и влегоа во конфликт со хрватскиот стручњак Лино Червар.
Мх.П.